Поранешниот хрватски селектор, Славен Билиќ, тренерската кариера ќе ја продолжи во Ал Итихад, во Саудиска Арабија.
Билиќ, на почетокот на минатата сезона доби отказ во Вест Хем и цела година не беше тренер на ниту еден тим. За време на Светското првенство во Русија, работеше како стручен коментатор за една телевизија.
Ал Итихад е осумкратен шампион на Саудиска Арабија, но нема титула уште од 2009 година. Според шпекулациите тој годишно ќе заработува три милиони евра.
Во кариерата покрај Вест Хем бил тренер во Хајдук Сплит, Локомотив Москва и Бешикташ.