Младиот фудбалер на Хајдук од Сплит, Тино Блаж, добил црвен картон поради неспортско однесување.
Блаж постигнал гол, а потоа со прославата ги имитираше тренерот на Атлетико Диего Симеоне и напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо. Судијата без размислување го „награди“ со црвен картон.
Тренерот на Атлетико на непримерен начин ја прослави победата на својот тим против Јувентус, а Роналдо му врати во реваншот.