Top Sport

„Словенскиот“ клан прави раздор во Интер

Во пресрет на утрешното градско дерби помеѓу Интер и Милан, италијанските медиуми објавија пикантни информации од соблекувалната на Интер. Тие тврдат дека три клана се бореле за превласт во соблекувалмата, а работите не биле идеални ниту во раководните структури.

Проблемите во Интер започнаа кога клубот реши да му ја одземе капитенската лента на Мауро Икарди.

Аргентинецот, како што пишуваат медиумите, бил предводник на кланот во кој се играчите од Јужна Америка, неговиот сонародник Лаутаро Мартинез, Уругваецот Матијас Весино и Бразилецот Жоао Миранда.

Најсилен бил кланот кого медиумите го нарекуваат „словенски“, во кој се новиот капитен Слоенецот Самир Хандановиќ и Хрватите Иван Перишиќ и Марсело Брозовиќ.

Најмалку влијание имал „италијанскиот“ клан во кој се домашните играчи Антонио Кандрева, Андреа Ранокиа и Роберто Гаљардини. Тие биле незадоволни дека не добиваат доволно минути на теренот иако тимот бележи лоши резултати.

„Словенскиот“ клан имал силна поддршка од спортскиот директор Пјеро Аусилио, кој е на заминување и кој не е никакво фактор во Интер откако во клубот пристигна Бепе Марота.

Милан и Интер ќе играат утре од 20.30 часот. На табелата Милан има 51 поен, еден повеќе од Интер.

Scroll to Top