Top Sport

Славија подобра од Левски во најстарото софиско дерби (видео)

Славија пропушти да постигне повисока победа откако го декласираше тимот на Левски во 147. издание на дербито на бугарската престолнина Софија, победувајќи со 2:1 пред 8.000 гледачи на „Георги Аспарухов“.

Ивајло Димитров беше херој на Славија, откако ги постигна двата гола во 7. и 54. минута, а ја погоди и гредата. Голот за Левски го постигна Најџер Роберта..

Славија со победата се искачи на третото место на табелата во бугарската Прва лига со 45 поени, седум помалку од лидерот Лудогорец, кој има и меч помалку. Левски се на петтото место со 39 поени.

Scroll to Top