Top Sport

Славија Прага третпат во низа е шампион на Чешка

Славија Прага на четири кола до крајот на домашното првенство по третпат стана фудбалски шампион на Чешка.

Старо-новите шампиони имаат прилика како непоразени да стигнат до новата титула затоа то досега имаат 24 победи и 6 нерешени, без пораз во шампионатот.

На 4 кола до крајот имаат +16 пред второпласираниот тим на Јаблонец.

Клубот од Прага ја освои својата седма шампионска титула од 1993 година, (вкупно 21-ва ако се сметаат титулите освоени во времето на Чехословачка), а Славија сезонава успеа да стигне и до четвртфиналето во Лига Европа, каде беа елиминирани од лондонски Арсенал.

Scroll to Top