Top Sport

Славје на улиците на Сараево по бодот против Канада

Босна и Херцеговина го отвори настапот на Светското првенство 2026 со реми 1:1 против Канада, а и покрај тоа што прими гол во завршницата, славјето меѓу навивачите во Сараево не изостана.

Стотици навивачи излегоа на улиците на главниот град на БиХ по натпреварот, пеејќи и веејќи знамиња до доцна во ноќта, пренесува „Индекс“.

За Босна и Херцеговина ова е прво учество на Светско првенство по 12 години, односно по настапот на Мундијалот во 2014 година, што дополнително ги засили емоциите кај навивачите.

Големото славје започна во 21. минута кога Јово Лукиќ постигна гол за водство на БиХ. Иако Канада преку Кајл Ларин стигна до израмнување во финишот на натпреварот, освоениот бод против еден од домаќините на турнирот го засили расположението кај навивачите.

Во БиХ владее оптимизам дека репрезентацијата има добри шанси за пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');