Диего Коста во летниот преоден рок ќе го напушти Атлетико Мадрид. Негова следна дестинација треба да биде Серија А. Интерес за 31 годишниот напаѓач покажуваат Рома и Наполи.
Бразилецот со шпански пасош пред две години се врати во Атлетико од Челси. Вториот мандат во дресот на „јорганџиите“ за Коста е целосен неусупех. Честите повреди го спречија да се врати во вистинската форма.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Рома покажува голем интерес, а во трката се вклучил и Наполи. Во минатото Диего Коста два пати одбил понудат да се пресели во Наполи.
Единствен проблем за преселба на Диего Коста во Италија е неговата плата. Ниту Рома, ниту Наполи не можат да си дозволат да го плаќаат речиси осум милиони евра годишно.
Договорот на Диего Коста со Атлетико важи до 30 јуни 2021 година.