Top Sport

Следниот италијански Суперкуп во Саудиска Арабија!

Министерството за спорт на Саудиска Арабија (ГСА) потврди дека азиската земја ќе биде домаќин на следниот италијански Суперкуп меѓу Јувентус и Милан.

Вестите се потврдени преку ГСА, иако организацијата грешно цитираше дека ќе биде домаќин на „финалето на Серија А“, кое всушност е меч меѓу освојувачот на титулата (Јувентус), како и финалистот на купот (Милан).

Италијанските медиуми велат дека овој договор меѓу Саудиска Арабија и Серија А вреди околу 7 милиони евра, од кои 45 отсто одат за Јуве и Милан, а 10 отсто кај лигата.

Мечот ќе биде 10. пат Суперкупот да се игра надвор од Италија, по „гостувањата“ во САД, Кина и Катар.

Scroll to Top