Реал Мадрид во наредните 30 дена ќе одигра осум натпревари. Во периодот кој може да ја одреди сезоната на „кралскиот клуб“, а можеби и судбината на тренерот Зинедин Зидан, Реал ќе влезе без девет фудбалери.
Повредите на клучните фудбалери го осакатија тимот на Реал. Зидан тимот ќе мора да го соатавува без столбовите во одбраната и клучните напаѓачи. Рамос и Варан се повредени, Милитао има коронавирус исто како и Азар, а поради повреда под знак прашалник е и Бензема.
Исто така повреден е и Валверде, а не е познато кога на тимот ќе му се приклучат десните бекови Карвахал и Одриозола, односно универзалецот Начо.
Реал има тежок распоред, четири од наредните пет натпревари ќе ги игра на гостински терен.
Распоредот на Реал во наредните 30 дена:
Виљареал-Реал (21.ноември, Ла Лига)
Интер-Реал (25.ноември, Лига на шампиони)
Реал-Алавес (28.номеври, Ла Лига)
Шахтјор-Реал (1.декември, Лига на шампиони)
Севилја-Реал (5.декември, Ла Лига)
Реал-Борусија Менхенгладбах (9.декември, Лига на шампиони)
Реал-Атлетико (13.декември, Ла Лига)
Еибар-Реал (20.декември, Ла Лига)