На Интер му претстои егзодус на најдобрите играчи. Ногата ја повлече тренерот Антонио Конте, кој по освоената шампионска титула, го напушти клубот. Интер се наоѓа во тешка финансиска ситуација, планот на газдите да продадат неколку фудбалери за да ги затворат дупките во буџетот.
Конте го напушти Интер, бидејќи клубот нема пари дополнително да се засили за наредната сезона.
Медиумите во Италија пишуваат дека по стапките на тренерот ќе тргнат Ашраф Хакими, Лаутаро Мартинез, Ромелу Лукаку и Алесандро Бастони. Овие четворица беа меѓу клучните фудбалери на Конте во походот на титулата.
За Хакими интерес покажале од ПСЖ, Бастони е на мета на Јувентус и неколку екипи од Англија, за Лаутаро постои интерес во Мадрид, кај Атлетико и Реал, додека за Лукаку најголем интерес покажуа неговиот поранешен клуб Челси.