Ислам Слимани, напаѓачот на Брест, обвини ривал дека го навредил неговото потекло. На натпреварот против Клермон, Алжирецот му се пожали на судијата дека противнички фудбалер го нарекол: „валкан Арап“.
Слимани потоа на судијата покажал во правец на Јохан Гастиен, 34.годишниот француски играч за врска.
„Тоа сум му го рекол? Не, не, не…“, изјави Гастиен по натпреварот, а таквиот коментар само уште повеќе го налути Слимани.
„Не сум луд, нема никого намерно да обвинувам погрешно“, изјави Слимани, кој годинава во Брест пристигна од Спортинг.
Натпреварот заврши со победа на Брест од 3:1.
Lors du match Clermont – Brest en Ligue 1, Islam Slimani 🇩🇿 s'est plaint auprès de l'arbitre car un joueur adverse la insulté de "sale arabe".
Insulte raciste prise a la légère et le joueur n'a pas été sanctionné. pic.twitter.com/xIwShVrwp8
— 𝗖𝗗𝗙 𝗙𝗼𝗼𝘁𝗯𝗮𝗹𝗹 🇵🇸 (@CDF_Football) October 23, 2022