Брегот на Слоновата Коска стигна до 4:1 победа над Алжир во третиот и последен меч од групата Е на Африканскиот куп на нации, елиминирајќи го актуелниот шампион со само еден постигнат гол и со само еден освоен поен. На БСК во втората рунда ќе се приклучи и Екваторска Гвинеја, која со 1:0 ја совлада Сиера Леоне во вториот меч.
Ѕвездата на Милан, Френк Кеси ги донесе „Слоновите“ во водство во 22. минута од мечот, пред фудбалерот на ПСВ Ајндховен, Ибрахим Сангаре во 39. минута да зголеми на 2:0. Наместо реакција во второто полувреме, фудбалерот на Арсенал, Никола Пепе во 54. минута постигна гол за 3:0. Ријад Марез имаше шанса да ги врати Алжирците во натпреварот во 60. минута кога беше досуден пенал, но неговиот обид беше одбранет, пред Софијан Бендебка во 73. минута, конечно, да го постигне првиот гол за шампионот на турнирот. Себастиен Але во 93. минута со убав гол со глава ја зголеми мизеријата на шампионот
За Екваторска Гвинеја, пак, беше доволен убавиот гол на Пабло Ганет во 38. минута за 1:0 победа над Сиера Леоне и сигурно второ место во групата.
РЕЗУЛТАТИ, ГРУПА Д, 3.КОЛО
Брег на Слонова Коска – Алжир 4:1
Сиера Леоне – Екваторска Гвинеја 0:1
GOAL! IVORY COAST!
Franck Kessié with a goal that has the champions out, as it stands.
Algeria ?? 0-1 ?? Ivory Coast#AFCON2021pic.twitter.com/CPrMFLuosm
— African Insider #AFCON2021 ? (@African_Insider) January 20, 2022
GOAL! IVORY COAST!
Ibrahim Sangare with a header, as the Elephants march on two by two.
Algeria ?? 0-2 ?? Ivory Coast#AFCON2021pic.twitter.com/iw3njaA73h
— African Insider #AFCON2021 ? (@African_Insider) January 20, 2022
GOAL! IVORY COAST!
Nicolas Pepe makes it three. Au revoir l’Algérie.
Algeria ?? 0-3 ?? Ivory Coast#AFCON2021 pic.twitter.com/jecKcBJznA
— African Insider #AFCON2021 ? (@African_Insider) January 20, 2022
GOAL! EQUATORIAL GUINEA!
Pablo Ganet with a firecracker.
Equatorial Guinea ?? 1-0 ?? Sierra Leone#AFCON2021pic.twitter.com/JYbDoGLeJ3
— African Insider #AFCON2021 ? (@African_Insider) January 20, 2022