Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се обиде да ја оправда одлуката да ги одмори повеќето главни играчи за натпреварот со Кристал Палас. Епилогот од овој експеримент беше катастрофален за „црвените“ е дебаклот против Кристал Палас на „Енфилд“ во натпреварот од 4-то коло од Лига Купот (0:3).
Верувале или не, тоа беше шестиот пораз на Ливерпул во последните седум натпревари во сите натпреварувања. А вистинските предизвици допрва им следат на Слот и неговите играчи. Тоа се дуелите со Астон Вила, Манчестер Сити и Реал во следните десет дена.
Притисокот врз Слот се зголемува од натпревар во натпревар, со секој пораз.
Холанѓанецот не бега од одговорност за црната серија резултати, иако во своите изјави, меѓу редови, често отстранува дел од одговорноста од себе.
Исто беше и по натпреварот со Палас.
„Свесен сум дека некои играчи се мачеа во предсезоната. За некои од нив, тоа е сосема нов предизвик да играат во Премиер лигата и Лигата на шампионите, три натпревари за седум дена. Немаме толку широт ростер како што мислат повеќето луѓе. Го знаеме тоа и не сме го промениле нашиот став по тоа прашање“, ги изненади новинарите Слот.
Слот, секако, алудира на доаѓањата на рекордно платените Флоријан Вирц, Александар Исак, Хуго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг оваа година и на фактот дека оваа група играчи – повеќето од нив – сè уште не се прилагодиле на системот на игра и ритамот на играта.
Ливерпул издвои речиси 500 милиони евра за гореспоменатите играчи.
Ако воопшто има оправдување за новиот колапс на Ливерпул, тоа лежи во фактот дека Слот ги одмори Ван Дајк, Конате, Собослај, Гакпо, Вирц, Салах и Екитике.
Наместо тоа, тој реши да се обиде со талентирани јуниори, а тие не се прославија.
