Top Sport

Словаците нема да играат бараж за пласман на СП

Република Ирскапобеди во Велс (1:0), а Хрватска во Киев (2:0). овие две репрезентации обезбедија место во баражот за пласман на Светското првенство во Русија. Победите на Ирска и Хрватска ја оставија Словачка без бараж, која е најслабо рангираната втропласирана селекција во групите, во овој квалификациски циклус.

Словачка во Ф групата го освои второто место зад Англија, Ирците се втори во Д групата, а Хрватска во И групата заврши зад Исланд.

Синоќа важна победа во Скадар забележа Италија над Албанија. Кандрева го постигна единствениот гол на мечот со кој на Италија и овозможи да има статус на нсител во баражот.

Досега од европската зона пласман на Мундијалот изборија Германија, Србија, Полска, Англија, Шпанија, Белгија и Исланд, а вечерва ќе бидат познати последните две селекции кои директно ќе одат за Русија. Франција треба да го потврди првото место во А групата, додека во Б групата за првото место ќе решаваат Португалија и Швајцарија.

Табела на вторпласираните:

1. Португалија 18
2. Италија 17
3. Данска 14
4. Хрватска 14
5. Шведска 13
6. Северна Ирска 13
7. Грција 13
8. Република Ирска 13
—————————————–
9. Словачка 12.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top