Томаж Кавчиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Словенија. Тој по само десет месеци доби отказ поради катастрофалните резултати на националниот тим.
Кавчиќ, лани во декември, го наследи Среќко Катанец. Тој на седум натпревари со репрезентацијата забележа само една победа и дури седум порази.
Словенците изминатите денови во Лигата на Нации беа поразени во Норвешка (1:0), а дома одиграа 1:1 со Кипар.
На табелата Словенија има само еден бод и во конкуренција на Норвешка, Кипар и Бугарија е најблиску до преселба во Д-дивизијата, во Лигата на Нациии.
Покрај лошите резултати Кавчиќ имаше несогласувања и со најголемата ѕвезда во репрезентацијата, Јан Облак. Голманот на Атлетико Мадрид не бранеше на ниту еден меч во Лигата на Нации.