Словенечка Мура го направи својот најголем успех во европските натпреварувања, откако во драматичен меч со 2:1 ги совладаа Тотенхем на Антонио Конте во огромно изненадување во петтото коло во Конференциската лига на УЕФА.
Томи Хорват ги донесе домаќините во водство во 17. минута, а работите се влошија за Тотенхем кога Рајан Сесењон доби втор жолт картон во финишот на првото полувреме. Спарс, успеаја да израмнат преку Хери Кејн во 72. минута, но во 93. минута нов шок за гостите од Лондон – Амадеј Мароша со малку помош на одбраната на Тотенхем постигна гол за победа!
Поразот значи дека Тотенхем уште немаат сигурно место во нокаут фазата – имаат ист број на поени со Витесе, кои одиграа драматично 3:3 реми со Рен и во последното коло играат дома со Рен, додека Витесе ги пречекува Мура.
Mura vs Tottenham 2-1 ❗❗❗ #MURTOT #UECL pic.twitter.com/vGBrDxfSWj
— Sebastjan ₳rtič ? (@vanfranco) November 25, 2021
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 2.КОЛО
ГРУПА А
ХЈК Хелсинки – Алашкерт 1:0
ГРУПА Е
Славија Прага – Феенорд 2:2
Макаби Хаифа – Унион Берлин 0:1
ГРУПА Ф
Линколн – Копенхаген 0:4
Слован Братислава – ПАОК 0:0
ГРУПА Г
Мура – Тотенхем 2:1
Рен – Витесе 3:3
ГРУПА Х
Карабаг – Омонија 2:2
Каират Алмати – Базел 2:3