Top Sport

Словенечкиот селектор си даде оставка откако им велел на фудбалерките дека играат како „диви свињи“

Селекторот на словенечката женска репрезентција, Борут Јарц си поднесе оставка откако 31 од неговите фудбалерки со отворено писмо го обвинија за непристојно однесување, велејќи дека играат како „диви свињи“.

Фудбалерките се жалеа кај Словенечката фудбалска федерација (НЗС), обвинувајќи го за насилничко однесување, расизам и недоличност. Јарц даде оставка преку долго писмо во кое објаснува дека не може да ја извршува својата работа по „сегашните услови“.

„Сакам да посочам дека цело време работев според моето знаење и со цел да се води репрезентацијата на вистински начин, да се постигнат најдобрите резултати. Исто така сакам да ги демантирам сите обвинувања направени кон мене и да посочам дека секогаш работев морално и во граница на етичките принципи“, вели Јарц.

Словенија е на 40. место на рејтинг-листата на ФИФА и нема пласман на ниту едно големо натпреварување.

Scroll to Top