Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денес, официјално е номиниран за нов мандат на чело на европската куќа на фудбалот.
Чеферин за својот втор мандат е кандидиран од својата матична куќа, Фудбалскиот сојуз на Словенија. Инаку, последен рок за поднесување на кандидатури до УЕФА е 7.ноември, а изборот на новиот претседател ќе се одржи на 7.февруари наредната година во Рим.
Реизборот на Чеферин до сега официјално го поддржале Италија, Ирска и Норвешка како претставник на шест нордиски и скандинавски сојузи.
Александар Чеферин за претседател на УЕФА е избран во септември 2016 година.