Top Sport

За фановите на Реал спорни се новите дресови на Барса

Весникот „Спорт“ од Каталонија, во денешното издание, објави како ќе изгледа една од гарнитурите што ќе ги носат фудбалерите на Барселона наредната сезона. Дизајнот предизвика големо незадоволство во Мадрид, меѓу фановите на Реал.

Една од гарнитурите, според весникот тоа ќе биде четвртата комбинација на дресови наредната сезона, е во жолта боја со црвени риги на предната страна, што јасно асоцира дека дизајнот е инспириран од каталонското знаме.

Наводно, токму со овие дресови наредната сезона Барселона ќе гостува кај Реал на „Сантијаго Бернабеу“.

Навивачите на Реал се лути на ваквата идеа и прашуваат зошто Барса не би играле во оригиналните бои. Сметат дека жолт дрес со црвени риги од предната страна е провокација за Мадрид.

Оваа сезона Реал и Барселона одиграа четири натпревари, два во првенството и два во Купот и сите завршија со победа на Каталонците.

Scroll to Top