Top Sport

Словенците 33 дена пред клучниот натпревар го распродадоа стадионот

Фудбалската репрезентација на Словенија победи со 0:1 на гостувањето кај Северна Ирска и се искачи на првото место во групата Х во квалификациите за ЕП. Словенците победија со голот на Адам Гнезда-Черин во петтата минута од натпреварот.

Словенија и Данска во групата има шест победи, едно реми и еден пораз. Единствениот кикс избраниците на Матјаж Кек го направија против Финска, каде загубија со 2:0.

Словенија до крајот на квалификациите ќе гостува во Копенхаген и во последното коло ќе го пречека Казахстан во натпревар кој може да биде решавачки за пласман на ЕП.

Тој натпревар ќе се игра во Стожице, а стадионот со капацитет од 16.000 гледачи е веќе распродаден, иако до тој натпревар остануваат уште 33 дена. Данците ќе гостуваат во Северна Ирска, а Казахстанците ќе бидат домаќини на Сан Марино.

Според сегашната ситуација, во триаголникот на репрезентации кои се борат за првите две места во групата, онаа што останува на третото место треба да има загарантиран настап во плеј-офот преку Лигата на нации.

Последен пат Словенија беше на ЕП во 2000 година.

Scroll to Top