Top Sport

„Случај Свилар“: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Поранешниот српски репрезентативец Миле Свилар е најдобриот голман во италијанската лига. Свилар пристигна од Бенфика во Рома пред четири години, а минатата сезона во римскиот клуб ја заработи престижната награда за најдобар голман во Серија А. Сепак, тој не брани за ниту една репрезентација. Како е тоа можно?

Свилар има 27 години и е роден во Белгија. Иако неговите родители се од Србија, тој играше за помладите категории на белгиската репрезентација, од У-15 до У-21. Но, во 2021 година, тој одлучи да ја промени репрезентацијата, што често се случува во фудбалскиот свет.

Тој ја прифати поканата на Србија, во периодот кога селектор беше Драган Стојковиќ-Пикси.

Неговиот татко Ратко, еден од најдобрите голмани во историјата на поранешна Југославија, го сакаше тоа и го поддржа својот син. Но, Миле бранеше за татковината на своите родители само еднаш, во пријателски натпревар против Катар. Тој беше и на клупата во четири квалификациски натпревари за Светското првенство во 2022 година. После тоа, тој се предомисли, сега сака да се врати во репрезентацијата на Белгија.

Сепак, за повторно да го смени спортското државјанство не доби дозвола од ФИФА.

Свилар сега е во ситуација дека за една репрезентација сака да игра, но не може, а може да игра за другата, за која не сака да игра.

Случајот на Свилар е сè уште отворен. Тој ангажираше адвокати за да се обиде да ја поништи одлуката на ФИФА, но неговите шанси се мали. Српските селектори Драган Стојковиќ Пикси и Вељко Пауновиќ го повикаа неколку пати, но тој ги одби тие повици.

Миле Свилар, роден на 27 август 1999 година. Ја започна својата кариера во Андерлехт, а во 2017 година се пресели во Бенфика за два милиони евра. Помина четири сезони во Португалија и одигра 23 натпревари, пред да пристигне во Рома како слободен играч во 2022 година.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');