Апелациониот суд во Париз го отфрли поништувањето на пресудата против Карим Бензема и петте други вклучени во случајот со уцена на неговиот поранешен колега од француската репрезентација, Матју Валбуена, за фудбалерот на Реал Мадрид да се најде пред нова легална битка.
Бензема беше обвинет дека го уценувал Матју со секс-лента во 2015 година, нешто што го чинеше место во француската репрезентација, и сега случајот ќе продолжи пред Врховниот суд на Франција, потврди „Ефе“.
Адвокатите на Бензема и другите обвинети побараа одлуката да биде прогласена за невалидна бидејќи е базирана на интервенција на полицаец кој бил прикриен и се претставувал како претставник на Валбуена. Сега, адвокатот на Бензема, Силван Кормие признава дека се работи за „чекор назад“, но дека е резултат на конфликт во самиот суд.
Следниот чекор, односно претставка пред Врховниот суд може да трае повеќе од една година.