Барселона и холандскиот стручњак Роналд Куман се уште не се договориле околу висината на отштетата поради отказот што тој го диби пред неколку дена од клубот од „Ноу Камп“.
Од Барселона му нудат на Куман 7,5 милиони евра и тоа да му ги исплатат на две рати, додека пак Холанѓанецот бара според договорот – 12 милиони евра плус остварените бонуси.
Куман го презема кормилото на клубот во август минатата година притоа напуштајќи ја позицијата селектор на „лалињата“ за што Барса плати отштета од 5 милиони евра.
Шпекулациите се дека неговото место во клубот ќе го заземе поранешниот играч од средниот реч – Чави Ернандез, но Барса ќе треба и на катарски Ал Сад да му плати отштета од 5 милиони евра.
Според оваа пресметка, промената на тренерот Каталонците ќе ги чини 17 милиони евра.