Top Sport

Навивачот кој ги навредуваше Рашфорд, Санчо и Сака ќе оди во затвор

Навивачот на „Гордиот Албион“ кој во живо на Фејсбук испраќаше расистички навреди за англиските репрезентативци Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака по финалето на ЕУРО2020 ќе оди во затвор, доби казна од 10 недели.

Се работи за Џонатон Бест (52) кого лондонскиот Суд за прекршоци го осуди откако тој ја призна вината за испраќање навредливи или непристојно пораки преку социјалните мрежи.

„Додека мнозинството од нацијата беше горда бидејќи „Трите лавови“ стигнаа до своето прво меѓународно финале по повеќе од 50 години, Џонатон Бест ги користеше социјалните мрежи за јавно да ги оцрни овие три момчиња“ се вели во соопштението на Обвинителството.

Бест во полиција го пријавил негов Фејсбук пријател, откако овој одбил да го отстрани спорното видео.

Scroll to Top