Лестер, клубот кој до пред некоја сезона беше постојана закана за топ 4 пласман, продолжува со „слободниот“ пад под водство на Брендан Роџерс, откако кај гостувањето кај неговиот поранешен клуб доживеаја 2:1 пораз, најмногу благодарение на сопствениот дефанзивец, Белгиецот Вут Фес.
Работите почнаа одлично за „лисиците“, откако Киеран Дјузбери-Хол успеа да го совлада Алисон и да ги донесе гостите во водство уште во четвртата минута од мечот. Но, потоа, прво Џејми Варди мораше да биде повлечен од игра по само 15-тина минути игра, за во финишот на полувремето на сцена да стапи Фес.
Тој прво во 38. минута си постигна спектакуларен автогол, каков што ретко се гледа, за само седум минути подоцна, откако Дарвин Нуњез ја погоди стативата беспомошно да не ја смести топката во сопствената мрежа.
Со победата и новите три поени, Ливерпул остануваат шести со 28 поени, еден помалку од петтопласираниот Манчестер јунајтед (кој има и меч помалку), додека Лестер се само 13. со 17 освоени поени.