Top Sport

Смит Роу опериран, се враќа во декември

Еден од најдобрите играчи на Арсенал, минатата сезона, Емил Смит Роу, успешно бил опериран, објави неговиот клуб.

Смит Роу имаше повреда на тетивата на препоните. Рехабилитацијата, како што објави клубот, ќе трае до декември.

Минатата сезона, Смит Роу беше еден од најдобрите играчи на Арсенал. Со 10 гола беше втор стрелец на клубот во Премиер лигата.

Оваа сезона, поради повредата, не играше многу. Во Премиер лигата, настапи на само четири натпревари, односно на теренот мина скромни 47 минути.

Scroll to Top