Top Sport

Смолинг ja инспирираше Рома, нов пораз на Фиорентина (видео)

Рома во второто полувреме „експлодираше“ и со 3:0 ја победи Бреша за да се искачи на четвртото место на табелата со 25 поени, два помалку од градскиот ривал Лацио откако тие во финишот дојдоа до 2:1 победа на гостувањето кај Сасуоло. Фиорентина на Винченцо Монтела пак, загуби со 1:0 кај Верона за трет натпревар без победа.

Дефанзивецот Крис Смолинг го отвори резултатот во 49. минута од мечот, пред Џанлука Манчини да зголеми на 2:0 во 57. минута, а Един Џеко го прекина „постот“ и во 66. минута зголеми на 3:0 со асистенција на Смолинг.

Лацио стигна до важни три поени кај Сасуоло во 91. минута, кога Фелипе Каиседо погоди за импресивна победа. На, Фиорентина пак, никако не им тргна, откако загубија со 1:0 од Верона благодарение на голот на Самуел ди Кармине.

СЕРИЈА А, 13.КОЛО

Рома – Бреша 3:0

Сасуоло – Лацио 1:2

Верона – Фиорентина 1:0

Scroll to Top