Top Sport

Фавр доби ултиматум од Борусија за „значителен“ резултат против Барселона

Лусиен Фавр останува на чело на Борусија Дортмунд и за дуелот од Лигата на шампионите против Барселона, потврдува спортскиот директор на клубот, Михаел Цорк, но тој додава дека е потребен „значителен“ резултат против шпанскиот клуб по лошата форма во Бундеслигата.

Дортмунд паднаа на шестото место во Бундеслигата откако не победија во последните два меча – губејќи 4:0 од Баерн Минхен, пред во петокот да се вратат од 0:3 негатива против последнопласираниот Падерборн за 3:3 реми. Цорк признава дека се очекува нешто повеќе од „милионерите“.

„Секако темата за иднината на тренерот е под дискусија бидејќи нашата состојба е навистина незадоволителна. Го анализираме моментов, но одиме против Барселона со Лусиен и очекуваме значително зголемување на перформансите таму. Потребна ни е добра игра“, изјави Цорк.

Со него се согласи и извршниот директор Ханс-Јоаким Вацке.

„Драгиот Лусиен ја има нашата доверба, но на крајот фудбалот секогаш се дефинира од резултатите. Ја имаш нашата поддршка“, вели Вацке.

Scroll to Top