Top Sport

Смолинг го исполни „ветувањето“ и му го „пукна“ носот на Меси (видео)

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Крис Смолинг, пред пресметката со Барселона и задачата да го „чува“ Лионел Меси изјави дека е подготвен за силна пресметка, и во првото полувреме од мечот го покажа тоа.

Во моменти кога неговите Јунајтед губеа со 0:1, Смолинг во еден воздушен дуел со Аргентинецот го закачи Меси со раката по носот, по што Меси мораше да добие медицинска помош. За среќа, не се работеше за сериозна повреда и Меси го продолжи мечот.

Scroll to Top