Top Sport

Суарез секогаш бил „кошмар“ за Јунајтед – Барса со рано водство (видео)

Барселона стигна до рано водство на „Олд Трафорд“ во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако стариот познаник Луис Суарез ја уфрли топката во мрежата на Давид де Хеа по само 12 минути игра.

Суарез, кој честопати беше најомразен фудбалер на навивачите на „ѓаволите“ додека играше за Ливерпул, ја уфрли топката во мрежата по асистенција на Лео Меси откако топката го закачи и Лук Шо, но судијата Роки прво досуди офсајд, пред по ВАР-консултација да го признае голот.

Секако, Суарез не пропушти шанса да ги „замолчи“ домашните навивачи со прстот на устата.

Scroll to Top