Фудбалскиот клуб Рома успеа да го убеди поранешниот англиски репрезентативец, Крис Смолинг, да остане на „Олимпико“. Актуелниот договор на Смолинг важи до крајот на оваа сезона. Англичанецот се поврзуваше со трансфер во Интер.
Неколку месечните преговори завршија успешно за Рома. Столбот на одбраната реши да потпише нов договор. „Кориере дело Спорт“, објави дека наредната недела, Смолинг ќе го стави својот потпис на договорот до 2025 година.
33. годишниот дефанзивец ќе игра за годишна плата од 3,5 милиони евра со бонуси.
Ова е нешто пониска бројка од онаа што моментално ја добива Смолинг, но треба да се земе предвид и неговата возраст.