Крис Смолинг им се заблагодари на навивачите на Рома, откако беше потврдено дека англискиот дефанзивец се враќа во Манчестер јунајтед пред мечевите на „волчицата“ во Лига Европа.
Смолинг пристигна на „Олимпико“ на едногодишна позајмица во август, и 30-годишниот ветеран одигра 37 натпревари за новиот клуб и постигна три гола помагајќи клубот да се искачи на петтото место во Серија А. Рома ќе игра во четврток против Севилја во осминафиналето на ЛШ без него.
„Многу ми е жал што не можам да го завршам тоа што го почнавме оваа сезона. Да се искуси љубовта која ми ја покажавте за толку кратко време беше нешто посебно и нема да биде заборавено. Се заблагодарувам на сите фудбалери на Рома и посакувам среќа против Севилја. ДАЈЕ РОМА“, напиша Смолинг.
Оле Гунар Солскјер пак, според англиските медиуми ќе смета на Смолинг во својот прв тим доколку не успее да најде нов централен бек во летниот преодрен рок.
„Мислам дека Крис во својата кариера во Манчетер јунајтед покажа колку знае да е вреден за нашиот клуб. Оваа сезона тој беше постојан во Рома и покажа колку вреди. Јас сакав да им дадам шанса на Хери Мегвајр, Виктор Линделоф и Аксел Туанзебе и сега ќе сметаме и на Крис. Презадоволен сум од неговата сезона“, вели Солскјер.
I’m gutted that I can’t finish what we started this season. To experience the love shown to me in such a short time was extra special and it will not be forgotten. I want to thank and wish all the players and staff the best of luck against Sevilla. DAJE ROMA! ?❤️ ? pic.twitter.com/9vHfpWUNsz
— Chris Smalling (@ChrisSmalling) August 4, 2020