Top Sport

Бојиќ се врати во МЗТ Скопје

Србинот Андрија Бојиќ се врати во МЗТ Скопје Аеродром, потпишувајќи нов едногодишен договор со македонскиот клуб.

27-годишниот Бојиќ веќе беше дел од „металците“ во сезоната 2017/18 и 2018/19, освојувајќи титула со МЗТ, пред минатата сезона да игра за романскиот клуб Волунтари.

Бојиќ првите кошаркарски чекори ги направи во дресот на Мега Визура, по што играше за екипи како ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун, КСЕ Јашбери (Унгарија), Полфарма (Полска) и романска Политехника.

Бојиќ е трето засилување за МЗТ пред настапите во АБА2 лигата по Американците Феми Олуџоби и Хасани Гравет.

Фото: КК МЗТ Скопје

Scroll to Top