Top Sport

Смолинг стана миленик на „Олимпико“, Рома сака да му даде постојан договор

Рома почна да работи на можноста дефанзивецот Крис Смолинг да добие постојан договор со „волчицата“ по одличниот старт во Серија А каде што дојде како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед.

Смолинг неочекувано стана миленик на навивачите, откако по надминувањето на малата повреда на мускулот на ногата, стартуваше во последните пет меча на Рома. Спортскиот директор на Рома, Џанлука Петраки се надева дека ќе може да се договори со англискиот клуб за постојан трансфер, јавува „Ил темпо“.

Англичанецот дојде на едногодишна позајмица, која го чинеше италијанскиот клуб 3 милиони евра, а во четвртокот имаше несреќна ситуација во мечот од Лига Европа, кога иако топката го удри во лице, судијата досуди пенал во 92. минута за 1:1 реми на Рома со Борусија Менхенгладбах.

Scroll to Top