Top Sport

Кјелини: Уште две години и доста е со фудбалот, нема да станам тренер

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини потврди дека нема да игра „повеќе од две години“ и ја отфрли можноста да стане фудбалски тренер по крајот на кариерата.

35-годишниот Италијанец се опоравува од повреда на лигаментите во коленото, и паузата го натерала да размислува за животот по фудбалот.

„Ќе играм уште две години, не повеќе. Би сакал да имам кариера како спортски директор, но со голема смиреност бидејќи мислам дека најголемата грешка за фудбалерите по пензионирањето да сметат дека се веднаш подготвени за друга работа. Кога ќе сопреш, помеѓу 35 и 40 години ако си среќен мислиш дека знаеш многу за фудбалот. Но, кога ќе почнеш друга професија, некој друг 15 години работел на тоа. Но, не сум полуден за работата како тренер. Веќе не е доволно да поставиш добра тактика, туку мораш да си и психолог и мотивациски говорник. Не чувствувам желба за таква одговорност“, вели Кјелини во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Кјелини лани ја доби својата факултетска диплома по бизнис-администрација, по што ги мотивираше фудбалерите да размислуваат за професијата по крајот на фудбалската кариера.

Кјелини: Фудбалерите мора да учат повеќе и да завршуваат факултет

Scroll to Top