Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, на прес конференцијата, во пресрет на натпреварот со Лидс јунјатед, открил дека добил смртни закани. Артета рекол дека заканите биле упатени кон него и неговото семејство.
„Клубот е известен, се обидовме да преземеме нешто по тоа прашање. Очигледно е дека ќе мора да живееме со тоа и дека заканите нема така бргу да престанат“, рекол Артета.
Менаџерот на „топџиите“, не сакал да открива повеќе детали, но се претпоставува дека заканите биле испратени од незадоволни навивачи.
Арсенал се 11. во Премиер лигата со 31 бод. На последните три натпревари Арсенал освои само еден бод, а неодамна испадна и од ФА купот.