Британската полиција започна со истрага, по смртните закани што ги добил голманот на Ливерпул, Лорис Кариус.
Ливероул, во саботата беше поразен во финалето во Лигата на шампионите од Реал 1:3, а Кариус со две катастрофални грешки, му помогна на клубот од Мадрид да ја освои титулата.
Кариус, крајот на финалето го дочека во солзи, а потоа преку социјалните мрежи им се извини на соиграчите и навивачите.
Истата вечер и ден по натпреварот, Германецот, преку социјалните мрежи, започнал да добива заканувачки пораки.
„Сериозно ги сфаќаме објавите на социјалните мрежи. Полицијата е известена за бројните коментари и закани. Сето тоа ќе го истражиме“, се наведува во соопштението на британската полиција.