Top Sport

СМС и Сари: Медиумите измислија приказна

Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), спротивно на најавите на италијанските медиуми, вчера одигра 90 минути против Венеција. СМС, со капитенската лента го предводеше Лацио до победата 3:1.

На почетокот на оваа недела, медиумите објавија дека тренерот Маурицио Сари го исфрлил ССМ од тимот. Сари не можел повеќе да го трпи неговото арогантно однесување.

„Слушам многу приказни…Не ме интересира тоа. Сакам само Лацио да победува“, рекол СМС.

Несогласувањата ги демантирал и тренерот Сари.

„Само едно несогласување имав досега со играч на Лацио. Со Луис Алберто пред четири месеци. Деновиве прочитав една од најлошите приказни, дека сум се искарал со Сергеј. Тоа не е вистина“, порачал тренерот на Лацио.

Scroll to Top