Top Sport

СМС ја среди короната, на располагање против „милионерите“

Српскиот фудбалер од средниот ред, играчот на римски Лацио Сергеј Милинковиќ Савиќ успешно се опорави од коронавирусот и му се стави на располагање на тренерот Симоне Инзаги за вечерашното гостување на „небесно-сините“ во Дортмунд, кај Борусија во рамки на 5 коло од Лигата на шампиони.

Попупарниот СМС вирусот го „закачи“ додека ги извршуваше репрезентативните обврски поради што пропушти два меча во Серија А, како и дуелот со Зенит во елитното европско натпреварување.

Во групата на Лацио во ЛШ, пред одигрувањето на последното коло, Борусија е прва со 9 бода, Лацио втор со 8, па Клуб Бриж со 4 и Зенит последен со 1 бод.

Scroll to Top