Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС), ќе го напушти Лацио во зимскиот преоден рок. Тренерот Маурицио Сари го исфрли српскиот репрезентативец од тимот, тој нема да игра против Венеција.
„Ил Месаѓеро“, ги открива причините за ваквата одлука на претседателот Клаудио Лотито. СМС, се однесувал арогантни и непрофесионално.
Минатата недела, пред натпреварот со Џенова, СМС ја напуштил предвреме традиционалната Божикна вечера. Тој се појавил во ресторанот, кратко се задржал и си заминал. Притоа ги убедил и останатите Балканци да заминат со него.
Тоа се случило во моментот кога претседателот Лотито влегувал во ресторанот. Наводно, Лотито бил шокиран кога забележал дека најголемите ѕвезди не се тука.
Клубот најпрвин го казнил СМС со 50.000 евра, а Сари по мечот со Џенова го исфрлил од тимот бидејќи не го „сменил арогантното однесување“. Потоа Сари, на состанок со Лотито, побарал спрскиот репрезентативец да биде продаден.
„Можев да го продадам за 140.000.000 евра, не го направив тоа бидејќи имав договор со Симоне Инзаги. Парите не ме интересираат, барам замо почит и посветеност“, рекол Лотито.
„Ил Месаѓеро“, тврди дека Лацио сега би го продале СМС за 80.000.000 евра. Наводно интерес за него веднаш покажале Реал Мадрид, Интер и Манчетсер јунајтед.