Top Sport

Снајдер: Италијанците се први фаворити на ЕУРО

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер смета дека Италија е „апсолутен фаворит“ за победа на ЕУРО 2020 ова лето.

37-годишниот Снајдер помина четири години во Интер, каде што во 2009/10 ја освои славната тројна титула, пред да се пензионира во авгтуст 2019 со 134 настапи за холандската репрезентација.

Тој играше на три Европски првенства во својата кариера, но не верува дека сегашната Холандија е подготвена за титулата.

„За мене Италија е апсолутен фаворит за титулата. Зошто? Играат убедлив фудбал и очигледен е прогресот во нивната игра. Мислам дека можат да се судрат и со Французите и со Германците“, вели Снајдер.

Италија има 30 меча без пораз и нема примено гол во последните 11 меча пред осминафиналето против Австрија вечерва на „Вембли“.

Scroll to Top