Поранешниот соиграч на Горам Пандев од шампионскиот период на Интер, Весли Снајдер, истакнал дека воопшто не жали како се одвивала неговата кариера, иако е свесен дека можел да постигне многу повеќе.
Снајдер минатата година на 35 годишна возраст ја заврши кариерата во дресот на Ал Гарафа.
„Можев да бидам како Кристијано Роналдо и Лионел Меси, едноставно не го сакав тоа“, рекол Снајдер во разговор со новинарот Џанлука ди Марцио.
„Уживав во животот, а Кристијано и Лео се многу поразлични. Многу работи имаат жртвувавно поради кариерите. Јас не жалам за ништо, имам сјајна кариера“.
Снајдер игра во Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал Гарафа. Освои 20 трофеи во клупскиот фудбал, најзначаен од нив е трофејот во Лигата на шампионите кој го подигна со Интер во 2010 година. Истата таа година со Холандија го освои второто место на Светското првенство во Јужна Африка, а во Бразил на свстското првенство заврши на третото место.