Top Sport

Тирни по една сезона ќе го напушти Арсенал

Левиот бек на Арсенал Киран Тирни по само една сезона би можел да го напушти клубот. Минатиот август Арсенал на Селтик за услугите на шкотскиот репрезентативец им платија 27 милиони евра.

На трансферот на Тирни инсистираше тогашниот тренер на Арсенал Унаи Емери. Шкото се мачеше со повредите поради што не успеа да се избори за место во тимот ниту кај Емери, ниту кај неговиот наследник Микел Артета.

Од почетокот на сезоната настапил на само 12 натпревари, односно одиграл 800 минути.

Артета нема да смета на Тирни наредната сезона. На позицијата лев бек тој ги има Сеад Колашинац и младиот Мејтланд Најлс.

Се шпекулира дека Арснеал можат од продажбата на Тирни да заработат 20 милиони евра.

Scroll to Top