Top Sport

Снимките јасно покажуваат – Мегваер „виновен“ за сите пет гола на Ливерпул

Хери Мегваер, капитенот на Манчестер јунајтед и најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот (80 милиони фунти) е директно или индиректно виновен за сите пет гола при 0:5 поразот од Ливерпул, јасно покажува последната снимка од еден навивач.

Мегваер имаше кошмар на „Театарот на соништата“ и доби оценка НУЛА од локалниот весник „Манчестер ивнинг њуз“, кои напишаа јасно: „Мегваер е на врвот во Премиерлигата со асистенции за противиците“. Мегваер беше катастрофален и против Лестер и Аталанта, но против Ливерпул „хајлајтсот“ е пеколен.

За првиот гол на Наби Кеита, Мегваер излезе од одбраната и му дозволи на Мо Салах да ја додаде топката, а за вториот комично се судри со Лук Шо. Пред третиот гол тој го блокираше ударот на Салах, но потоа „заспа“, а за четвртиот гол го немаше никаде кога Хендерсон му додаде на Салах.

Во негова одбрана, тој не се обиде да се тргне од одговорноста, велејќи дека сите играчи мора да се „погледнат во огледало“.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт даде интересна изјава во која вели дека „Мегваер на сопругата дома и признава дека е ср.ње, но дека добива добра плата“.

Scroll to Top