Top Sport

Со го потпиша отказот, Наинголан предизвика нов скандал

Контроверзниот белгиски фудбалер Раџа Наинголан, предизвика нов скандал, откако се појави видео во кое тој ги навредува клубот и навивачите.

Интер, клубот чии дрес го носи Наинголан, минатата недела реши да го суспендира фудбалерот поради недисциплината. Белгиецот нема да игра вечерва против Наполи и парично е казнет со 100.000 евра. Медумите шпекулираа дека Интер ќе го продаде во јануарскиот преоден рок, а по најновиот скандал, таа опција е многу веројатна.

„Мама миа, правам глупости тука. Во Интер мислат дека сум готов, но јас секогаш сум се докажувал на теренот. Кога ќе им покажам што знам интернистите ќе дојдат да ме бакнат во г…т. Сакам да се вратам во Рим, пријател сум со Тоти, тој би можел да ја актуализира приказната, но тогаш би требало да направам циркус тука“, вели во видеото Наинголан.

Scroll to Top