Top Sport

УФЦ-борецот Алекс Оливеира преживеал бомбашки напад

Популарниот УФЦ борец, Алекс Оливеира, се извлекол само со полесно повреди, откако на него била фрлена бомба во едно мало место, во близина на Рио де Жанеиро.

„Седев на бензинска пумпа во автомобилот на мојата мајка. Видеов дека членовите на моето семејство се расправаат со некого, а едно лице впери пиштол во мојот внук. Тргнав кон нив и тогаш долета гранатата“, рекол Бразилецот, додавајќи дека напаѓачите биле вооружени со ножеви и мачети.

Мотивот и напаѓачите се уште не и се познати на полицијата.

Оливеира се бори во велтер категорија, последен пат во рингот бил на 8.декември, кога ја загубил од Гунар Нелсон.

Scroll to Top