Top Sport

Со играч повеќе само бод за Милан во Фиренца (Видео)

Фиорентина и Милан одиграа 1:1 на „Артемио Франки“ во 25 коло во Серија А. Милан остана на делба на шестото место, додека Фиорентина е на 13 позиција.

Одличен, динамичен меч, со два поништени гола и еден црвен картон одиграа Фиорентина и Милан.

Започна натреварот со шансата на Кастровили за Фиорентина, а на спортивната страна Ребиќ не успеа да го совлада Драговски.

Во 34 минута контроверзна ситуација, ВАР му поништи спектакуларен гол на Ибрахимовиќ.

Милан подобро влегоа во второто полувреме, а не ги поремети ниту повредата на Донарума. За добрата игра беа наградени со гол во 56 минута. Ребиќ го искористи подарокот на Касерес и го постигна својот шест гол во Серија А.

Фиорентина во 62 минута остана со фудбалер помалку на теренот. Црвен картон доби Далбер.

Веднаш потоа ВАР поради офсајд го поништи голот на Кастилјехо.

Во 85 минута капитенот на Милан, Ромањоли направи фаул пред својот гол врз Кутроне, а Пулгар од пенал го постави конечниот резултат.

Scroll to Top