Top Sport

Леванте и Барди го урнаа Реал (Видео)

Фудбалерите на Леванте забележаа сензационална победа над Реал Мадрид. Вечерва, во Валенсија, Леванте победија со 1:0. Еден од најдобрите на теренот беше македонскиот репрезентативец Енис Барди, кој го одигра целиот натпревар. Леванте им го нанесе вториот пораз на Реал во тековната сезона.

Реал беа одлични во првото полувреме, наметнаа силен ритам и во првите 11 минути имаа четири удари кон противничкиот гол. Бензема во 11 минута ја пропушти најдбрата шанса да го совлада Фернандес.

Вистинска опсада кон голот на Левате Реал изврши во финишот на првиот дел, два пати Модриќ се обиде да постигне гол.

Во првото полувреме играчите на Реал упатија 12 удари кон голот на Фернандес.

Реал ги контролираше настаните и во вториот дел , меѓутоа притисокот не беше толку силен. Играчите на Леванте успеаја да врзат неколку добри акции, но не и сериозно да го загрозат Куртоа.

Чиста шанса во средишницата на вториот дел промаши Азар. Белгиецот излезе сам пред Фернандес, меѓутоа упати многу лош удар.

Клучниот момент на мечот се случи во 79 минута кога Вукќевиќ со долга топка од својата половина го пронајде капитенот Моралес на левата страна, а тој од прва упати бомба во поблискиот агол за која Куртоа не беше подготвен.

До крајот Бензема одново имаше можност меѓутоа резултатот не се смени.

Со овој пораз Реал повторно и ја препушти на Барселона лидерската позиција. Големото дерби на 1 март во Мадрид Барселона ќе го дочека со 55 поени, два повеќе од Реал.

Scroll to Top