Top Sport

Со наградените Меси и Донарума како стартери, ПСЖ само со 0:0 реми со Ница

Вечерта на „Паркот на принцовите“ требаше да биде славеничка, откако пред навивачите се појавија Лео Меси со својата седма златна топка и Џанлуиџи Донарума со наградата „Лав Јашин“ како најдобар голман (иако двете награди беа освоени за сезоната со нивните поранешни клубови, Барселона, односно Милан), но наместо тоа дербито со четвропласираните Ница заврши без голови.

Сепак, малиот „кикс“ не прави потрес на табелата – ПСЖ секако се први со убедливи 41 поен, со дури 12 предност пред Олимпик Марсеј на второто место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top