Top Sport

Ливерпул ги „уништи“ Евертон во големото дерби, Сити и Челси го држат ритамот

Челси, Манчестер сити и Ливерпул ја продолжуваат тројната трка на врвот на англиската Премиерлига по три важни победи во 14. коло.

Ливерпул доминираше и го доби „Мерсисајд дербито“ со 4:1 против Евертон на „Гудисон парк“, предводен од нивиот поранешен тренер Рафа Бенитез, Манчестер сити со 2:1 славеше кај Астон вила на Стивен Џерард, додека Челси се намачи, но со 2:1 го победи Вотфорд, клубот кој е предводен од уште еден нивни поранешен тренер, Клаудио Раниери.

„Црвените“ имаа атомски старт, кога Џордан Хендерсон уште во 9. минута постигна прекрасен гол, а десет минути подоцна Мохамед Салах ја продолжи својата голгетерска серија. Демарај Греј даде надеж на „карамелите“ за можен камбек во 38. минута, пред Салах повторно да стрела во 64. минута за сигурен триумф, за Диого Жота да ја згтолеми мизеријата на Евертон, кои сега имаат пет порази во последните шест меча.

ПРЕМИЕРЛИГА, 14.КОЛО

Евертон – Ливерпул 1:4

Астон вила – Манчестер сити 1:2

Вотфорд – Челси 1:1

Саутемптон – Лестер 2:2

Вест хем – Брајтон 1:1

Вулверхемптон – Барнли 0:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top